Младен Крстајиќ,
селекторот на Србија е на удар на тамошната јавност по вчерашниот пораз од
Бразил во последното коло од групната фаза и елиминацијата.
Можеби не онолку
колку што српските фанови очекуваа нешто повеќе против светската сила Бразил,
туку поради двете контроверзни и доста дискутабилни одлуки на Крстајиќ пред
самиот меч.
На местото на
искусните Тошиќ и Миливојевиќ, тој се реши да игра со младиот Вељковиќ во
одбраната, а во средината направи мали промени со тоа што Љајиќ почна од првата
минута, по што го зазеде местото на Милинковиќ-Савиќ кој се врати нешто поназад
во однос на неговата позиција од дуелот со Швајцарија, а од првата минута почна
Рукавина на десната бековска позиција.
Миливојевиќ и
Тошиќ запрашани зошто не добиле шанса во почетниот состав, ја упатија јавноста
да побара одговор од селекторот, а токму Крстајиќ беше директно прозван од
сопругата на Тошиќ, познатата пејачка Јелена Карлеуша.
„Така е кога
наместо брутален дефанзивец игра некое дете“ напиша таа на социјалните мрежи
мислејќи на 22 годишниот Милош Вељковиќ, инаку член на Вердер.