Твенте не е заинтересиран за враќање на Ѓорѓев, но ќе треба да плаќа пенали

by
1 минути читање

Никола Ѓорѓев
никако да се пронајде себе си, 20 годишниот фудбалер во кого многумина гледаа
голема иднина на македонскиот фудбал, во изминатата полусезона беше испратен на
позајмица во швајцарскиот второлигаш Арау, позајмицата истекува ова лето, а
неофицијалните информации велат дека Арау не сака да го задржи во својот состав
дополнително на една година, опција што стои во договорот.

Од друга страна
пак,
во Холандија известуваат дека ниту Твенте не е заинтересиран за враќање на Ѓорѓев во тимот, но, според договорот помеѓу неговиот клуб Грасхоперс
со Твенте, холандскиот прволигаш ќе треба да исплати пенали на Грасхоперс,
доколку македонскиот репрезентативец не игра.

Ѓорѓев минатото
лето потпиша договор со Твенте но како позајмен за две сезони од Грасхоперс,
каде има важечки договор до 2020. година. Швајцарскиот клуб тогаш се договори
со Твенте за позајмица од причина што не сакаше да се откаже од неговиот
договор.


Извор: tubantia.nl

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани