Пораката која Германците ја упатија по раната елиминација

by
1 минути читање

Ретко кој
очекуваше, но се случи, бранителот на светската титула од 2014. година,
селекцијата на Германија испадна уште во групната фаза од Светското првенство
во Русија, откако заврши на последното место во групата „Ф“ каде за противници
ги имаше Шведска, Мексико и Јужна Кореја.

Тимот на Јоаким
Лев стартуваше со пораз од незгодниот Мексико, следеше победа обезбедена во
самата завршница од мечот против Шведска со феноменалниот гол на Крос, но, на
крајот шок за Панцирите по поразот од Јужна Кореја со 0-2, со два гола примени
во продолжението.

Колку и да боли
сево ова да се повлечеме толку рано, честитки до Шведска и Мексико, ви
посакуваме среќа во елиминационата фаза
“ гласеше твитот на социјалните мрежи
кој го упатија Германците.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/6gbNpePRTm

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани