Србија шансата за поминување на групната фаза ја пропушти во дуелот против Швајцарија кој го загуби со 2-1, денеска се обиде да надополни против силниот Бразил, се надеваше на сензација, но денеска само една таква се случи.
Бразил ја оправда фаворитската улога, беше подобар противник и заслужено славеше победа од 2-0.
Бразилците подобро го почнаа натпреварот, нападнаа, пропуштија шанси преку Нејмар и Габриел Жесус пред да го отворат резултатот. Тоа се случи во 36. минута кога Паулињо го лобуваше Владимир Стојковиќ за водство од 1-0.
Србија одлично влезе во второто полувреме, тргна офанзивно кон израмнување, имаше неколку одлични шанси преку Александар Митровиќ, но откако не ги искористи стигна казна.
По еден корнер во 68. минута Тиаго Силва најдобро се снајде, постигна гол и ги постави конечните 2-0.
По првимениот втор гол Србија падна во играта, Бразил беше поблиску до поголема победа отколку тие до почесен гол.
Во вториот натпревар Швајцарија и Костарика одиграа нерешено 2-2.
Костарика имаше страшен почеток на мечот, ја погоди и пречката и стативата од голот на Швајцарија, а откако не успеаја да реализираат тоа го направи противникот. Во 31. минута Џемаили постигна гол за водство од 1-0.
По десет минути игра во вториот по еден корнер Вастон реализираше со глава за израмнување на 1-1, Костарика се врати во игра.
Дрмиќ во 88. минута носи ново водство на Швајцарците, но во 93. минута Руиз од пенал ги постави конечните 2-2.
Бразил со седум бода го освои првото место во групата, Швајцарија е втора со пет, Србија трета со три, Костарика на последното место со еден бод.
Во осминафиналето Бразил ќе игра против Мексико, а Швајцарија со Шведска.