Германија ја продолжи традицијата: Стануваш Светски шампион, а следниот Мундијал завршуваш уште во група

by
1 минути читање

Германија доживеа дебакл на Светското првенство во Русија, ја бранеше титулата на овој Мундијал, но испадна уште во групната фаза и тоа како последна зад Шведска, Мексико и Јужна Кореја.

Но, ова не е ништо ново. На Светското првенство во Бразил истото ја снајде и Шпанија која како актуелен шампион тогаш испадна во групата.

Така беше и во 2010 година кога Италија испадна групата како бранител на големиот трофеј.

А се започна од Франција во 2002 година која доживеа шокантна елиминација во групата откако на првенството допатува како шампион.

1998: Франција освојува Светско првенство

2002: Франција е елиминирана во групана фаза


2006: Италија освојува Светско првенство

2010: Италија е елиминирана во групна фаза


2010: Шпанија освојува Светско првенство

2014: Шпанија е елиминирана во групна фаза


2014: Германија освојува Светско првенство

2018: Германија е елиминирана во групна фаза

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани