На пет часа пред дуелот со Нигерија, Меси во родната Аргентина бил пријавен за перење пари!

by
1 минути читање

„Гаучосите“ вчера
го имаа клучниот натпревар за продолжување на авантурата во Русија, а
атмосферата во тимот беше нарушена по срамниот пораз од Хрватска. Како
превирањата во соблекувалната да не беа доволни, Лео Меси непосредно пред мечот
добил информации дека е пријавен за перење пари.

Како што пишува
весникот Кларин, на пет часа пред „финалето“ на Аргентина против „Супер орлите“,
пријавата ја поднел новинарот Фернандо Мигез, кој има невладина огранизација.

Пред судот во
Буенос Аирес, тој го обвинил Лео Меси, неговиот татко Хорхе и „Фондацијата
Лионел Меси“ за перење пари. Пријавата е во
рацете на судијата Ариел Лихо, кој сега треба да оцени дали има доволно докази
за да се продолжи со криминална истрага или да се отфрли случајот.

Фернандо Мигез на
весникот Кларин му објаснил дека пријавата ја поднел бидејќи биле сомнителни
донациите кои ги добивал Лео Меси и кои биле дел од документите наречени „Панама
Пејперс“. Како што пренесува Кларин, тој слични пријави има поднесено и за други познати имиња од
Аргентина, најчесто политичари, но ниту еден случај немал судска разврска.

Лео Меси веќе
имаше проблем со даночните власти во Шпанија, каде доби и затворска казна (која
нема да ја одлежи бидејќи е помала од две години) а доби и милионска парична
глоба за затајување данок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани