668
Аргентина во
Русија пристигна како еден од претендентите за златото, но „Гаучосите“ целосно
потфрлија во првите две кола и ризикуваа срамна елиминација.
Синоќа против
Нигерија мораа да победат, и мечот добро го започнаа откако Лео Меси со својот
прв гол на мундијалот донесе водство. Сепак, Нигерија од пенал изедначи на
стартот од вториот дел, па мечот влезе во драматична завршница.
По голема борба,
Рохо погоди за 2-1 на десетина минути пред крајот, резултат кој се покажа како
конечен. Аргентинците се луди по фудбалот, па на сите им падна камен од срце и
лудо славеа. Исклучок не беа ниту научниците од базата Марамбио на Антартикот,
кои излегоа надвор на снегот и на -20 степени да се ирадуваат на успехот.