Аргентина славеше
победа од 2-1 против Нигерија во последното коло од групата „Д“ на Светското
првенство, но, истовремено се радуваше и на победата од 2-1 на Хрватска против
Исланд, со што закажа прескетка со Франција во осминафиналето од турнирот.
Познато е колкаво
влијание во тимот на Гаучосите има првата ѕвезда на тимот Лионел Меси, тоа е од
поодамна познато, но постоеа и шпекулации дека влијае во одлуките на
селекторите во склопувањето на составите, колку е тоа точно останува непознато,
но, една ситуација која ја уловија камерите од вчерашниот меч во прашање го
доведе кредибилитетот на селекторот на Аргентина.
„Дали да го
ставам Кун?“ гласеше прашањето кое Сампаоли му го постави на Меси во текот на
натпреварот, па Агуеро влезе во игра во 80. минута на местото на Таљафико, а
веќе шест минути подоцна Рохо со својот гол во завршницата донесе победа за
Гаучосите.
class="twitter-tweet" data-lang="en">"Lo pongo al
kun?"
Como es que se llega a que jugadores, independiente de
quién sea, este por sobre un DT #Messi
#Sampaoli
@afa
@Mega
@TVN
@Deportes13DLV
pic.twitter.com/UyJwkOnyUt—
Andres Ignacio (@AndresRiveraEsp) June
27, 2018