Шукер: Добив пораки од целиот свет, особено од Аргентина, се заблагодарија, веруваа во нас

by
1 минути читање

Хрватска со
синоќешната победа од 1-2 и донесе елиминација на селекцијата на Исланд уште во
групната фаза од Светското првенство во Русија, а од друга страна пак, донесе
прогрес во осминафиналето за Аргентина која со голема мака славеше со 2-1
против незгодната Нигерија.

Многумина сметаа
дека Хрватска ќе калкулира во таа група, особено ако се земе во предвид дека
висеше до последен момент елиминација за 
големата Аргентина, до тоа не дојде, а претседателот на Фудбалската
Федерација на Хрватска, Давор Шукер вели дека добил многу повици од целиот
свет, особено од Аргентина.

Им покажавме на
сите дека нема калкулации, со тоа имиџот на Хрватска уште повеќе порасна, добив
многу пораки од целиот свет, особено од Аргентина, многумина ми се јавија, се
заблагодарија и ми рекоа дека верувале во нас
“ издвои тој.

Данска дојде
тивко, сигурно ќе ја имаат својата шанса. Ние мораме да играме агресивно како
против Аргентина, разговарав со селекторот и фудбалерите, подготвени сме,
мораме да имаме во предвид дека противникот има одличен тим, ќе биде тешко, кој
биде подобар на средината од теренот, тој ќе победи
“ додаде легендарниот Шукер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани