Голман на Светското првенство донел 27 членови од неговата фамилија

by
1 минути читање

27 членови на фамилијата на Рајан биле на трибините на Светското првенство, а сите нивни трошоци ги платил 26-годишниот голман на Брајтон.

„Прв пат им платив на моите роднини да гледаат натпревари, а тоа да не се само мајка ми и сестра ми. Светските првенства не се играат секоја година“, вели Рајан.

„Ова е можност со нив да поделам нешто посебно. Ги прашав сите дали сакаат да дојдат, половина од нив рекоа дека сакаат, половина останаа дома“.

„Се ова ќе бидат животни спомени за нив. Нема ништо подобро од тоа да се грижите за својата фамилија. Јас имам привилегија да можам да го правам тоа“.

Метју Рајан е првиот голман на Австралија која не одигра лошо на Светското првенство, но по денешниот пораз од Перу како последна во групата си заминува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани