Бразилско кафуле ќе чести пијачка по секое паѓање на Нејмар

by
1 минути читање

Bar Sir
Walter Pub кое се наоѓа во северниот дел од Рио Де
Женеиро измисли фантастичен начин како да го привлече вниманието на пошироката
јавност, а воедно да привлече и гости во пресрет на мечот помеѓу Бразил и
Србија во последното коло од групната фаза.

Кафулето има
посебна понуда за мечот на Кариоките, па така, по секое паѓање на ѕвездата
Нејмар на теренот, ќе се огласи ѕвонче по кое присутните ќе добиваат бесплатна
пијачка.

Ова не е ништо
ново поврзано со Нејмар, познато е дека Бразилците веќе почнаа на големо да се
шегуваат на сметка на ѕвездата на Кариоките,
особено по неговата фризура за која легендарниот Кантона имаше смешна реакција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани