Шпанија заврши
како прва од групата „Б“ на Светското првенство, па во осминафиналето ќе ги
одмери силите со домаќинот на турнирот Русија, а избегнувајќи го второто место
во својата група, го избегна и силниот Уругвај кој ќе игра против Португалија.
Фернандо Јеро го
презеде кормилото на Црвената фурија во еден доста турбулентен период, а тој не
крие дека неговиот тим имал среќа за да стигне до првото место во својата
конкуренција.
„Морам да кажам
дека имавме среќа за да завршиме на првото место, мораме да бидеме
самокритични, да се примат пет гола во три меча не е начин по кој можеме да
чекориме напред, истото им го кажав и на фудбалерите. Сепак, нашата цел беше
прво место во групата, тоа го остваривме, но, во продолжение мораме да имаме на
ум дека доколку лесно примаме голови, идните цели ќе биде тешко да ги
реализираме“ истакна Јеро по синоќешното тешко извојувано реми против Иран.