Хавиер Пасторе
пристигна во Рим каде најпрво треба да ги мине успешно медицинските прегледи а
потоа, доколку се биде во ред, да стави потпис на договор со италијанскиот
прволигаш Рома.
Рома за овој
трансфер на ПСЖ ќе му исплати обештетување од 20 милиони евра, а за фудбалерот
од средниот ред ова е враќање во Серија А откако претходно настапуваше во
дресот на Палермо.
Пасторе во
Римската волчица пристигнува во период кога Раџа Наинголан е пред трансфер во
Интер, а како дел од договорот, Заниоло и Сантон одат во обратен правец.
Со ова, средниот
ред на тимот на Ди Франческо во голема мера ќе биде освежен, особено ако се
земе во предвид и претходно реализираните трансфери на Клајверт и Чориќ, па
евентуалното заминување на Наинголан речиси и нема да остави дупка во тој дел
од играта на тимот.