Сампаоли не само што негира дека во Аргентина има проблеми, туку цели и кон финалето на СП

by
1 минути читање

Аргентина освои само еден бод по првите две кола на Светското првенство, но се уште сама си ја крои судбината, потребна им е победа над Нигерија.

Се појавија гласини дека фудбалерите ја превземале контролата во репрезентација и тие решаваат кој ќе настапи на дуелот со Нигерија, но Сампаоли вели дека тоа не е точно.

„Не можам да зборувам за ситуација која не постои. Кога го загубивме последниот меч, ја превземав одговорноста. Јас сум тренер па следниот ден почнав да размислувам како да победиме против Нигерија“, вели Сампаоли.

„Утре Аргентина го почнува Светското првенство. Треба да влеземе како утре да е првиот од петте натпревари кои ќе не однесат до финалето. Утре треба да го одиграме првото од петте финалиња до крајот на првенството“.

„Фудбалерите кои ќе настапат утре, без разлика кои ќе бидат тие, треба да ја остават последната капка пот на теренот за Аргентина да може да се квалификува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани