По одличната сезона во дресот на Ливерпул, сите очи беа вперени во Мо Салах и се говореше дека Кристијано Роналдо и Лео Меси конечно добиле сериозна конкуренција за „Златната Топка“. Сепак, тој доживеа голем пех на неколку недели пред почетокот на мундијалот откако го повреди рамото во финалето од Лигата на шампионите.
Египјанецот се опорави но не беше доволно подготвен за првиот меч кој неговата репрезентација го загуби од Ургувај. Мо Салах настапи против Русија но не можеше да помогне да се избегне нов пораз кој значеше елиминација и крај на сите надежо за добро Светско.
Во меѓувреме имаше и многу гласини за тоа дека Мо Салах е незадоволен од третманот и тоа што неговата слика луѓето од федерацијата ја користат за нивни лични интереси и цели. Се шпекулираше дека тој дури и размислува да се повлече од репрезентацијата по крајот на Светското првенство. Останува да се види каква ќе биде неговата одлука, но тој денеска против Саудиска Арабија постигна убав гол на кој не му се израдува и покажа дека нешто не е во ред.