Меси предводи бунт против Сампаоли, играчите сами ќе го бираат составот против Нигерија?!

by
1 минути читање

„Гаучосите“ беа
на прагот на елиминација уште во групната фаза откако загубија од „Коцкастите“
со 3-0, но Нигерија им даде нова надеж со триумф над Исланд.

Аргентина со победа против „Супер орлите“ во последното коло има шанса за осминафинале (во прилог треба да им оди и резултатот од мечот Исланд-Хрватска), но атмосферата во тимот е
нарушена откако Лео Меси и дружината беа понижени од Хрватска.

Односот помеѓу
Хорхе Сампаоли и играчите е тензичен, и се шпекулира дека токму Лео Меси предводел
група фудбалери кои од Фудбалската федерација на Аргентина побарале да му
биде врачен отказ на селекторот.

Но ФФА не можела
да им ја исполни оваа желба бидејќи ќе треба на Хорхе Сампаоли да му исплати
обесштетување од околу 16 милиони долари. Бунтот во соблекувалната отишол до
таму што играчите решиле сами да го скројат тимот и да одлучат кој ќе игра, а
селекторот ако сака може да седи на клупата.

Сепак, ваквите
информации категорично беа демантирани од Фудбалската федерација на Аргнтина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани