Гери Линекер ја промени легендарната изјава: Фудбалот е едноставна игра…

by
1 минути читање

Гери Линекер во минатото изјави дека фудбалот е едноставна игра во која 22 мажи трчаат по топката и на крајот секогаш Германија победува. 

Денеска Германците го направија токму тоа, во финишот имаа и играч помалку, па Линекер кој е и познат твитерџија го искористи моментот да ја модифицира неговата популарна изјава и повторно да се најде во центарот на вниманието.

„Фудбалот е едноставна игра, 22 мажи трчаат по топката 82 минути и Германците добиваат црвен картон па 21 маж трча по топката 13 минути и на крајот Германија некако ебено победува“, твитна Гери Линекер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани