Шведска води на полувремето, на светскиот првак му се заканува елиминација (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Шведска одигра
доста дисциплинирано во првото полувреме против Германија а има и минимално
водство од 1-0
во второто коло од групата „Ф“ од Светското првенсво во Русија.

Германците имаат
доминација во поглед на поседот на топката, имаат и повеќе обиди кон голот,
меѓутоа резултатот, барем засега не е во нивна полза. Ќе додадеме во поглед на статистиката дека Швеѓаните иако имаа помалку обиди, сепак беа многу поконкретни во однос на оние кои ги имаа Панцирите.

Дракслер уште во
3. минута се закани кон голот на Шведска, но неговиот удар во опасната зона
беше блокиран, а во 13. минута Берг беше близу до постигнување на гол против
Германците, на крајот биеше лошо и му овозможи интервенција на Ноер.

Во 32. минута шок
за Германците, водство за Шведска по прекрасниот гол на Тоивонен кој го стави
во очај Ноер кој немаше никаква можност да интервенира по оваа мајсторија на
Швеѓанецот кој биеше со лоб.

Во финишот од првото полувреме Берг за малку ќе донесеше и двојно водство за Шведска, но во оваа ситуација Ноер беше тој кој спасуваше за Германија.

Евентуален пораз
за Панцирите ќе значи елиминација за нив уште во групната фаза од Мундијалот,
доколку победи, Шведска во последното коло ќе игра директен дуел со Мексико за
првото место во оваа конкуренција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани