На Швајцарците не им е сеедно што некои фудбалери ја користат репрезентацијата за албански национализам

by
1 минути читање

Швајцарија ја победи Србија со 2-1 со головите на Џака и Шакири, двајцата фудбалери не ја пропуштија можноста со албански симбол да ги прослават головите и да ги испровоцираат србите. 

Примитивни гестови типични за заостанатиот Балкан во кој национализмот е пред се.

На вистинските Швајцарци не им се допаѓа што некои фудбалери ја користат репрезентацијата за со симболи на друга држава да провоцираат трета земја.

Новинарот Феликс Бингесер, уредник на швајцарскиот „Блик“, ги нарече Џака и Шакири брилијантни будали. Ги пофали за нивната игра, но ги осуди за гестикулациите велејќи дека на никој во Швајцарија не му е сеедно што нивната земја синоќа беше претставена со овие глупави гестови.

Во приказната се вклучија и политичарите кои го осудија гестот на Џака и Шакири. Натали Рикли од напјпопуларната СВП партија изјавила дека Џака и Шакири така може да се однесуваат ако играат за Косово но не и за Швајцарија. Седрик Вермут од Социјалистичката партија која е втора по големина порача дека и двајцата фудбалери се идиоти и дека ја срамат Швајцарија.

Постојат  шанси ФИФА да отвори истрага против Џака и Шакири поради политички гестикулации и фудбалерите да добијат суспензија. Но и ремито против Бразил и победата над Србија беа со ветар во грб на судиите кои не користеа ВАР технологија во спорни моменти и при двата меча, па многумина се сомневаат дека ФИФА ќе изрече санкција против нивното „милениче“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани