Србите се чудат како Швајцарија доби германски судија бидејќи според нив судењето беше тенденциозно. Најспорната ситуација е кога судијата наместо пенал досуди фаул од Митровиќ.
Германецот не сакаше да се консултира со ВАР технологијата и тука е најголемиот проблем.
Стручните анлитичари, Рио Фердинанд, Пабло Забалета и Линекер сметаат дека било чист пенал.
„Тој е сам, а они двајца и ниту еден не ја гледа топката. Како може да е досуден фаул од Митровиќ. Мислам дека Вар мораше да биде консултиран. Двајца одеа на еден човек“, вели Фердинанд.
„Ова е како грабеж на сред улица“, се надоврза Линекер.
„Чист фаул. Не можам да верувам дека не е досуден пенал. Судијата е во одлична позиција, гледа дека ниту еден од дефанзивците не ја гледа топката туку само го влечат Митровиќ“, вели Забалета.