Нејмар ги објасни солзите по победата над Костарика и остро порача: И папагалот знае да зборува, но….

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
„Кариоките“ имаше бледа партија на отварањето против Швајцарија, па се најде на
удар на медиумите и јавноста. Тој сепак го подигна нивото против Костарика и со
гол во судиското надополнување ја запечати победата на Бразил.

По погодокот,
Нејмар падна на колена и почна да плаче. Фудбалерот на ПСЖ не разговараше со
медиумите, но затоа се огласи на социјалните мрежи.

„Ретко кој знае
низ што се поминав за да бидам тука. Лесно е да се критикува и зборува, дури и
папагалот може да зборува, но да се направи нешто… малкумина го можат тоа!
Солзите беа радосници, поради тоа што ги надминав сите пречки, поради желбата и
волјата за победа. Никогаш во животот работите не сум ги добивал лесно, па
зошто тоа би се променило сега, нели!!!. Сонот продолжува, сон кој е… мисија. Честитки до момците, вие сте најдобри“
– гласеше пораката на Инстаграм.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани