Фудбалска
Аргентина е разочарана од настапот на своите репрезентативци на Светското
првенство во Русија, по ремито со Исланд на стартот, синоќа избраниците на
Сампаоли доживеаа дебакл од Хрватска со 3-0.
На Гаучосите им
се заканува елиминација, голем е притисокот врз нив, особено кон селекторот
Сампаоли и капитенот на тимот Меси кој во првиот меч промаши пенал а синоќа
против Коцкестите повторно одигра под нивото.
Познато е
големото ривалство помеѓу Бразил и Аргентина, па бразилските фанови решија да
ги тролаат своите ривали измислувајќи песна за нив од Мундијалот, еве како
гласи таа:
„О Ди Мариа, и
Маскерано, и Меси чао, Меси чао, Меси чао чао чао, Аргентинците плачат, бидејќи
ние ќе го освоиме ова Светско првенство“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">