Бразил во судиското продолжение ја победи Костарика! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Малку фалеше Бразил да киксне уште еднаш и да се најде на работ на бездната, но благодарение на два гола во судиското продолжение дојдоа до триумф.

Прва се закани Костарика, преку Боргес во 13. минута, неговиот удар заврши за малку покрај левата статива.

Во продолжение Нејмар и Марсело имаа шанси за Бразил, но на полувремето се замина без голови. Тоа беше и реален резултат.

Но со почетокот на второто полувреме тргна бран напади на Бразил, имаа многу шанси, ја погодија и стативата, промашуваа, а Кејлор Навас имаше неколку чудесни интервенции.

Беше досуден и пенал за Бразил кој со една дискутабилна одлука од видео технологијата беше поништен.

Кога се чинеше дека Костарика ќе издржи, Кутињо во 91. минута постигна гол за голема, огромна радост на Бразил и водство од 1-0.

Потоа беше полесно, пред самиот свиреж на судијата гол постигна и Нејмар за конечни 2-0.

Бразил тешко, но сосема заслужено ја победи Костарика, направи голем чекор кон осминафиналето иако него ќе треба да го завери во последното коло против Србија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани