Модриќ им го кажа на Аргентинците она што го знае цел свет: Меси е извонреден но не може сè сам!

by
1 минути читање

И вечерва сите
очи беа вперени во Лео Меси, а фудбалерот на Барселона одново не можеше ништо
да стори за Аргентина да избегне пораз со кој сега е на прагот на елиминација.

Помеѓу
фудбалските фанови има големи дебати за тоа зошто Меси е толку добар со Барселона,
но многу ретко блеска во дресот на „Гаучосите“. Сепак, многу јасно е дека овој
тим на Аргентина не е на нивото на Лео.

По крајот на
мечот, Лука Модриќ го посочи токму ова и истакна: „Лео Меси е извонреден, но не
може сè сам. Во фудбалот потребна ви е помош. Без разлика што тој е голем,
навистна голем играч, потребна му е помош, не може сам да носи победи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани