Далиќ: Една од најголемите победи во историјата на Хрватска

by
1 минути читање

Хрватска одигра маестрален меч и буквално ја понижи селекцијата на Аргентина победувајќи ја со 3-0. Меси и другарите уште еднаш беа немоќни, а прстот сите го вперуваат во селекторот Сампаоли.

Златко Далиќ пак е пресреќен, вели дека ова е една од најголемите победи на Хрватска.

„Честитки за моите момци. Ова беше фантастичен натпревар, еден од најголемите во историјата на Хрватска. Во секој сегмент бевме одлични, одработивме се што требаше. Во секој сегмент бевме подобри од Аргентина. Сите заслуги одат за фудбалерите“, изјави селекторот Далиќ.

Во однос на првиот натпревар Далиќ од првата минута го стави Марсело Брозовиќ.

„Одлучив така бидејќи тој е најбрзиот наш дефанзивен играч од средниот ред. Целиот тим беше фантастичен. Им реков на момците да бидат стрпливи по трите зицери кои ги имавме во првиот дел. Знаев дека ќе дадеме гол. Кога играме вака нема страв од резултатот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани