Аргентина и Хрватска израмнети во првото полувреме кое заврши без голови

by
1 минути читање

Хрватска тргна со
победа од 2-0 против Нигерија, а Аргентина со реми од 1-1 против незгодниот
Исланд, во првото полувреме од вечерашната пресметка помеѓу овие две селекции
резултатот е 0-0, а следиме големо тактизирање на теренот.

Уште во 5. минута
Хрватска преку Перишиќ ја имаше првата прилика откако офанзивецот изби по
крилната страна, но неговиот удар беше одбранет од Кабаљеро, а ова беше изгледна
прилика за гол.

Во 13. минута
Меза зафати еден убав волеј, но истиот обид беше блокиран, а веќе во 22. минута
проследивме нова шанса за Гаучосите овој пат преку Акуна кој распали по голот
на Коцкестите на работ на казнениот простор, но неговиот удар заврши само во
конструкцијата.

Во продолжение
две шанси, во 30. минута Перез промаши зицер, а три минути подоцна Манџукиќ
беше во одлична позиција да погоди за Хрватска, но и тој беше непрецизен.

Во првите 45
минути игра Хрватска имаше за нијанса повеќе иницијатива со три обиди, од кои
еден во рамките на голот, Гаучосите со два обида, но ниту еден во рамките го
завршија првиот дел.

Што се однесува
до поседот на топката, тој е на страната на Аргентина со 55%.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани