Хрватски хулигани сакаат да го прекинат мечот со Аргентина?

by
1 минути читање

За помалку од
половина час ќе проследиме една доста интересна пресметка помеѓу Хрватска и
Аргентина, за едните победа ќе значи осминафинале, за другите пораз ќе значи
битка до последниот здив, по потешкиот пат за прогрес.

Хрватска тргна со
победа од 2-0 против Нигерија, а Аргентина со реми од 1-1 против Исланд, па
сосема очекувано е и двете селекции да дадат максимум од себе вечерва, а тоа
најавува и добар меч за големите љубители на фудбалот.

Дел од хрватските
медиуми известуваат дека мечот во Нижњи е под посебни мерки на безбедност, а
причината било наводна дојава за прекин на мечот кој го планирале одредени
хрватски хулигани.

За разлика од
мечот во Калинград, каде на влезовите имаше огромна контрола, во Нижњи нивото е
подигнато двојно повеќе
“ пишува „24часа“.

Добиле дојава
дека хрватски хулигани имаат намера да го прекинат мечот
“ ги пренесува истиот медиум причините кои ги добиле од страна на дел од полициските службеници.

 

Извор:
24sata.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани