Мбапе стана најмладиот Французин со гол на Светско, Франција води против Перу (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Франција е на
чекор до осминафинале, избраниците на Дешам водат со 1-0 против Перу по првите
45 минути.

Откакако не беа
искористени добри прилики на двете страни, Мбапе се најде на право место во
право време и во 34. минута ја смести топката во празната мрежа откако еден од
дефанзивците на Перу го блокираше обидот на Жиру.

Со овој погодок,
Килијан Мбапе (19 години и 6 месеци) стана најмладиот фудбалер кој во дресот на Франција постигнал гол
на Светско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани