Реми во Самара, Данска и Австралија ги поделија бодовите (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во воведниот
натпревар од второто коло во Групата Ц, Данска и Австралија одиграа 1-1,
резултат кој ги добложи скандинавците до пласман во осминафиналето, а ги остави
и „Кенгурите“ да сонуваат за нок-аут фазата.

Данска одлично го
започна мечот, Ериксен со бомба донесе водство од 1-0 веќе во 7. минута.
Јоргенсен можеше да ја дуплира предноста, но промаши голема шанса откако со
глава од пет метри биеше непрецизно.

Австралија се
врати во игра откако со помош на ВАР беше досуден пенал во финишот на првиот
дел. Јединак беше прецизен од белата точка и изедначи на 1-1 во 38. минута.

На стартот од
вториот дел, Данска имаше прилика да се врати во водство, Поулсен беше фаулиран
на работ од шеснаесетникот, а можеби и внатре во казнениот простор, но судијата
дозволи да продолжи играта бидејќи топката дојде до Систо кој од 11 метри не
успеа да погоди.

Како одминуваше
времето, Данска се повеќе беше задоволна од овој резултат, а Австралија се
обиде да притисне и да стигне до победа. „Кенгурите“ имаа неколку полу шанси,
но не успеаа да го најдат патот до мрежата на Шмајхел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани