Тешка победа на Шпанија против Иран, помогна и ВАР (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шпанија ги освои планираните бодови против Иран иако тоа беше потешко од очекувањата. Иранците одлично, пожртвувано се брае, имаа и свои шанси, дадоа еден гол кој оправдано беше поништен со ВАР технологијата.

Во првото полувреме не се случи речиси ништо интересно, Шпанија јалово напаѓаше, се обидуваше да ја пробие дефанзивата на Иран, но не успеја.

Вториот дел беше многу повозбудлив. И двете селекции имаа по една шанса пред да падне единствениот гол. Во 54. минута лоша интервенција на еден од дефанзивците на Иран кој ја шутна топката во Диего Коста, таа се одби од напаѓачот и влезе во мрежата за 1-0.

Девет минути подоцна се тресе мрежата на спротивната страна. Езатолахи погоди, Иранците се израдуваа, но интервенираше ВАР технологијата и го поништи голот поради офсајд.

Во финишот од мечот, Иран имаше уште една убава шанса, Тареми биеше со глава, но за малку над пречката.

Шпанија има четири бода, исто колку и Португалија, Иран има три, а Мароко без бодови нема шанси за следната фаза. 

Во последното коло Шпанија игра со Мароко, а Иран против Португалија ќе води директна битка за пласман во осминафиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани