Судијата го побарал дресот на Роналдо, Мароканците бесни: Ова циркус ли е?

by
1 минути читање

Португалија
обезбеди минимална победа од 1-0 над Мароко кој имаше одлична игра, а по мечот
главниот арбитар на средбата, Марк Гајгер од САД се најде на удар на пошироката
јавност од причина што побарал Роналдо да му го чува дресот.

За сево ова
сведочи Нордин Амбрабат, репрезентативецот на Мароко кој тврди дека за тоа
добил потврда и од Пепе.

Тој беше
премногу импресиониран од Роналдо, слушнав и од самиот Пепе дека тој во првото
полувреме прашал дали може да го добие неговиот дрес
“ рече Амрабат.

За што зборуваме
ние на Светското првенство? Ова не е циркус овде
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани