Гордиот Албион
потешко од очекувањата стигна до триумф против Тунис во воведниот меч за нив,
на Светското првенство, Хари Кејн постигна два гола, од кои едниот во финишот
од средбата, за голема радост на фановите на Англија.
Сепак, еден
навивач на Островјаните се пожали од тоа каков поглед добил на арената
Волгоград која за таа пресметка броеше 41.064 гледачи на трибините.
Јан Пери, еден од
најголемите фанови на англиската репрезентација, барем така го наведува „Мирор“,
за Русија отпатувал со лет од Нов Зеланд, платил карта од 170 фунти, и го добил
овој поглед од местото каде бил сместен…
Ian Perry – one of England’s most dedicated fans – flew from New Zealand for Tunisia game, paid £170 for ticket, and got this view! @MirrorFootball bought him a beer and stewards got him a different seat. pic.twitter.com/RsokKgicjr
— Andy Lines (@andylines) June 20, 2018
Среќа за него,
стјуардите интервенирале и му обезбедиле друго место на трибините, а тој во
интервју за „Мирор“ вели дека не можел да поверува на глетката.
„Не можев да
поверувам, тоа беше карта од првата категорија, морам да бидам искрен, ќе кажам
дека штом стјуардите го увидоа овој проблем, ми дадоа друга карта на
спротивната страна од стадионот“ изјави навивачот.
Англија својот следен
меч го игра против аутсајдерот Панама претстојнава недела.