Сампаоли: Кога Меси ќе постигне гол, го славиме, кога ќе загубиме целата одговорност му ја префрламе, не е фер

by
1 минути читање

Аргентина тргна
со реми од 1-1 против Исланд на Светското првенство во Русија, а првата ѕвезда на
Гаучосите, Лионел Меси промаши пенал на тој меч.

Иако букмејкерите
му дадоа најголеми шанси да биде најдобар стрелец на Мундијалот, почетокот не
ветува такво нешто, а според селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли, фудбалерот
на Барселона имал голем притисок кој е тешко за еден играч да го поднесе.

Кога Меси ќе
постигне гол, сите ние го славиме тој момент, сите го гледаме како заеднички
успех. Но, кога нема да победиме, тогаш целата одговоност е на негов товар,
тогаш, тој е виновен. Мислам дека тоа не е фер, тоа е преголем притисок за еден
фудбалер да го поднесе. Морам да истакнам дека јас чувствувам одговорност за
тој промашен пенал
“ смета Сампаоли.

Вториот меч на
Аргентина е предвиден да се одигра утре, и тоа против доста незгодната и
квалитетна Хрватска, која тргна со победа од 2-0 против Нигерија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани