Јапонија со 2-1 ја победи Колумбија и стана првата азиска земја која победила Јужноамериканци на Светско првенство, а по мечот се случи нешто кое никој не го очекуваше.
Јапонските навивачи со вреќе одеа низ трибините и го чистеа ѓубрето. Колумбиски навивачи ги снимил со мобилен телефон и им се чуду и восхитува, веројатно како и многу други во светот.
Професот Скот Норт кој е експерт за јапонска култура и општество го објаснува потегот на Јапонците.
„Чистењето по натпреварите е само продолжение на нивното основно воспитување кое го добиваат во училиште. Таму децата си ги чистат своите училници и ходниците. Со константно потсетување низ детството, ова однесување станува навика за голем дел од популацијата. Затоа, чистењето на настани како што е СП, претставува начин за Јапонците да изразат гордост за нивниот начин од живот и шанса да го споделат со останатите од светот“, вели професорот Норт.
#Japanese fans clean up the area where they were seated after their #WorldCupRussia2018 encounter. What an example. How wonderful !! well done #japan pic.twitter.com/F7QFs6q7XY
— Leslie Ann Boisselle (@trinilab) June 19, 2018