Капитенот на
нашиот национален состав и член на италијанскиот прволигаш Џенова, Горан Пандев
се уште не договори продолжување на соработката со калчолигашот, а истата
истекува ова лето.
Се шпекулираше
дека Струмичанецот е дел од плановите на Интер, наводно би можел да се врати во
Милано, но, неговиот агент, Леонардо Корси, ги откри плановите на Македонецот.
„Неговата иднина?
Тој сака да ја заврши својата кариера во Џенова, и тоа ќе се случи“ беше
краток и јасен во својата изјава Корси.
Пред извесен
период дел од италијанските медиуми пренесоа дека шефот на стручниот штаб на
Џенова, Давиде Балардини има планови за Македонецот за идната сезона, па од
позиција на втор напаѓач, веднаш зад најистурениот, Газета дело Спорт извести
дека Пандев би требало да игра нешто поназад, како главен организатор на
играта.
Пандев изминатата
сезона имаше 32 настапи за Џенова на кои постигна и 5 погодоци, во клубот е од
2015. година каде пристигна од редовите на Галатасарај.
Извор: primocanale.it