Нејмар со болна гримаса го напушти тренингот, вклучени алармите во Бразил (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Откако вчера го
пропушти тренингот, Нејмар денес истрча на теренот но издржа само десетина
минути. Уште на загревањето, кога играше шева со Вилијан, Кутињо, Тиаго Силва,
Миранда и Паулињо, напаѓачот се пожали на болки во десниот скочен зглоб кога удри една топка.

Тој се обиде да
продолжи, но неколку секунди подоцна повторно почувствува болка, па во придружба на фитнес тренерот го напушти
тренингот со подкривнување.

Снимките делуваат
загрижувачки, но потпаролот на репрезентацијата уверува дека не се работи за
ништо сериозно и дека ова е последица од ударите кои Нејмар ги добил на дуелот
со Швајцарија кога врз него беа направени дури 10 прекршоци.

Тој исто така
додава дека за денес планот и онака бил напаѓачот да не го одработи целиот тренинг
и веќе од утре Нејмар да почне со подготовките за мечот со Костарика во петок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани