Сенегал со автогол до водство на полувремето против Полска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Селекцијата на
Сенегал има минимално водство од 1-0 од првото полувреме против Полска во
првото коло од групата „Х“ од Светското првенство во Русија.

Следевме не толку
интересен меч кој инаку се игра во Москва, обете селекции играат рамноправен
фудбал, барем во првите 45 минути игра, а Сенегалците доста среќно стигнаа до
водството.

Се играше 38.
минута кога Гује упати удар кон голот на Полјаците, таа топка се одби од Чионек
и на крајот го измами Шчесни за водство на Сенегал на паузата.

Претходно ќе ја издвоиме
шансата во 18. минута за Сенегал, најдобрата прилика за гол претходно која ја
имаше Нианг, но неговиот обид беше непрецизен иако доби одличен пас во опасната
зона на Полска.

Во истата
конкуренција, претходно Јапонија со 2-1 ја совлада Колумбија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани