Хари Кејн и донесе стартна победа на Англија на Светското првенство! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англија стартува со победа, со тежок триумф над Тунис кој дојде во последните моменти од натпреварот.

Англија добро го почна натпреварот, поведе со гол на Кејн уште во 11. минута. Во текот на првото полувреме создадоа повеќе убави шанси, пред се преку Лингард кој ја погоди и стативата, но не успеаја да постигна уште еден гол.

Изедначувањето се случи во 35. минута кога Вокер направи несмасен пенал по кој Тунис преку Саси го изедначи резултатот.

Се очекуваше во второто полувреме Англија да продолжи да креира шанси како и во првиот дел, дури и уште посилно да нападне, но наместо тоа следуваше бледа, анемична игра без сериозни можности за гол. Јалови беа нападите кон голот на Тунис се до судиското продолжение.

Во 92. минута Хари Кејн се најде на вистинското место и погоди со глава за конечни 2-1 за Англија и големи три бода на стартот од Светското првенство.

Тунис со она што го покажа не заслужи ниту реми, Англија играше одлично во првото полувреме, во второто беа лоши, но се на се подобри од противникот.

Во следното коло Англија би требало да има лесна задача со Панама, а Тунис ќе игра против силната Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани