Утрово медиумите од Хрватска пренесоа дека е нарушена атмосферата во репрезентацијата по одличниот старт на мундијалот и победата над Нигерија. Проблем направил Никола Калиниќ, кој одбил да влезе во игра место Манџукиќ и да одигра неколку минути.
Напаѓачот си ги спакува куферите и замина дома, а селекторот Златко Далиќ сега ја образложи својата одлука да го отстрани голгетерот од националниот тим.
„На натпреварот против Нигерија, Калиниќ требаше да влезе во игра во второто полувреме, но рече дека не е подготвен за настап поради повреда на грбот. Истото се случи и против Бразил, не беше подговен. И на вчерашниот тренинг исто така пријави дека не може да тренира поради проблеми со грбот. Мене ми требаат подготвени играчи, а тој три пати рече дека не е подготвен, па затоа решив да го испратам дома“ – вели предводникот на „Коцкастите“.