Белгија се мачи против Панама, без голови на полуврмето

by
1 минути читање

Белгија е една од
селекциите од кои се очекува многу на овој Мундијал, но, засега избраниците на
Роберто Мартинез не ги оправдуваат очекувањата.

Панама е по
првите 45 минути „тврд орев“ за фаворитот кој и покрај тоа што има теренска
доминација, не успеа да погоди во мрежата на аутсајдерот.

По само седум
минути игра Белгија ја имаше првата шанса, и тоа преку Мертенс кој прими убав
пас на работ а казнениот простор на противникот, распали по голот на Панама, но
Пенедо кој беше најдобар поединец во својата селекција имаше фантастична
парада.

Само четири
минути подоцна Азар имаше можност да искористи еден отпадок, но неговиот удар
заврши во надворешниот дел од мрежата на голот.

Повторно се
истакна Пенедо, овој пат во 38. минута по ударот на Азар кој претходно имаше
соло акција по која успешно се ослободи од двајца дефанзивци на Панама, иако
биеше прецизно, неговиот удар беше одбранет.

Мертенс на пет
минути пред крајот на полувремето имаше прилика, но неговиот обид од добра
позиција на крајот заврши покрај конструкцијата од голот.

Во истата
конкуренција „Г“ вечерва со почеток од 20 часот Англија ќе ги одмери силите против
Тунис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани