Медиумите од Бразил „удрија“ по Нејмар: Тој беше права катастрофа!

by
2 минути читање

Нејмар по 99 дена
пауза се врати на терените против Хрватска пред две недели, и веднаш покажа
дека може да направи разлика откако ја измеша дефанзивата на „Коцкастите“ и
постигна гол.

Напаѓачот потоа
имаше нова мајсторија против Австрија, го „измести“ чуварот, рутински ја
затресе мрежата, и најави дека повредата е зад него.

Но Нејмар беше
прилично тивок кога требаше најмногу и потфрли против Швајцарија на отварањето
на Светското првенство. Па медиумите од Бразил решија да не го штедат и
„удрија“ по него.

„Нејмар беше
права катастрофа“
– пишува новинарот Арналдо Рибеиро од „ЕСПН Бразил“. „Не
одигра на прифатливо ниво и требаше да биде заменет. Бразил има добар тим и
колективен квалитет за да излезе од проблеми, но Нејмар се обиде сам да донесе
победа и не успеа. Да, оправдување му е тоа што неодамна имаше операција, но не
прикажа ништо. Ќе беше подобро Даглас Коста да влезеше место него. Сеуште не
можам да разберам зошто Даглас Коста не играше“.

Освалдо Паскоал
од „Фокс Спорт Бразил“ исто така реагираше бурно: „Да се игра на таков начин,
тоа е вулгарен фудбал. Ме чуди како Тите не му даде барем некоја минута на
Даглас Коста“
.

Тиаго Ногеира од
„О Темпо Бразил“ вели: „Нејмар прикажа премалку, многу под очекувањата, и затоа
Бразил не ја победи Швајцарија“.

„Глобоеспорте“ во
својот извештај му даде оценка 5.5 и напиша: „Нејмар не ги повтори
перформансите од последните два пријателски натпревари. Најдобрите потези му
беа во финишот од мечот, кога биеше со глава. Премногу солираше, и не се
снаоѓаше против начинот на кој го маркираа Швајцарците“.

Со слични критики
излези и поранешниот играч Зе Елиас: „Премногу солираше и затоа толку многу
пати направија фаул врз него. Нејмар заборави да игра тимски и ја држеше
предолго топката во своите нозе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани