Лев: Загубивме, против Шведска ќе играме под притисок дека мора да победиме

by
0 минути читање

Германија одигра блед натпревар, не знаеше како да му се спротивстави на Мексико кој го доби дуелот со 1-0.

„Во првото полувреме игравме многу лошо. Не можевме да ја играме нашата вообичаена напаѓачка игра со пасови. Во второто полувреме притиснавме, но Мексико се повлече“, вели Лев.

„Имавме неколку шутеви на голот, но топката не сакаше да влезе. Се разбира, сите сме тажни. Но гледаме напред, го оставаме овој пораз зад нас. Треба да победиме на следниот меч, нема збор за тоа. Ќе бидеме под притисок за натпреварот против Шведска“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани