Лев ќе ја изостави најголемата ѕвезда на Германија за дуелот со Мексико?

by
1 минути читање

Месут Озил можеби од клупата ќе го следи натпреварот помеѓу Германија и Мексико поради тоа што Озил и Гундоган се сликале со претседателот на Турција, Ердоган, а фотографијата предизвикала големи реакции. Гундоган напишал и дека тоа е фотографија со неговиот претседател.

И Ангела Меркел се јавила со изјава велејќи дека фудбалерите веројатно не биле свесни какви реакции ќе предизвика фотографијата со турскиот претседател.

Двајцата Германци со турско потекло го навлекоа гневот кај дел од германските навивачи и предизвикаа реакции кај високи политички и фудбалски ликови во Германија, и поради тоа нема да играат на дуелот со Мексико.

Гундоган не ни беше планиран да биде стартер, но Месут Озил во овој состав на Германија можеби е и главната ѕвезда заедно со Мануел Ноер и Тони Крос.

Дополнителен знак дека ќе се случат најавите на германските медиуми е фактот што на прес конференцијата Лев се појави со Дракслер а не со Озил. Селекторот го пофали Дракслер со зборовите дека тој е најкреативниот играч на Германија на теренот, нешто што нема да му се допадне на Озил.

Дека со германскиот селектор нема шала почувствува Сане кој не беше повикан на Светското првенство поради неговиот однос кон останатите фудбалери.

Натпреварот меѓу Германија и Мексико почнува од 17 часот, а еден час порано ќе се појават официјалните состави кога ќе дознаеме дали навистина Лев решил да го остави Озил на клупата за резерви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани