Халдорсон: Пеналот кој му го одбранив на Меси е како остварување на сон за мене

by
1 минути читање

Исланд одигра храбро и дисциплинирано против Аргентина и дојде до убав резултат 1-1 во својот деби настап на Светските првенства.

Наградата играч на натпреварот ја понесе голманот Ханес Тор Халдорсон, не дека имаше многу тешки интервенции, туку дека го одбрани пеналот на Меси.

„За мене остварување на сонот е одбранетиот пенал, особено поради тоа што ни помогна да освоиме бод кој може да биде многу важен за нас во обидот да се квалификуваме во осминафиналето. Добри си ја завршив домашната задача, гледав многу пенали од Меси. Ги гледав и пеналите кои јас сум ги бранел за да претпоставам што тој би очекувал од мене. Имав добро чувство дека ќе шутне така“, вели јунакот Халдорсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани