92
Франција добро се намачи против Австралија, славеше благодарејќи на видео технологијата и го скрши отпорот на пртивникот дури во финишот од мечот кога по една одлична акција Погба го лобуваше голман на „Кенгурите“.
„Ова е Светско, нема мали репрезентации. Австралија одигра многу добро, особено во одбрана. Се работи за солиден тим. Очекувам вакво да биде на цело првенство. Беше важно да се победи на воведниот натпревар, се мачевме, но не се откажавме во ниту еден момент. За мојот гол,имав мала помош и од дефанзивецот. Не ме интересира дали ќе погодом со уши, нос или нога… битно е топката да влезе“ – рече Пол Погба по победата на „Триколорите“ од 2-1.