76
Селекторот на Франција, Дидие Дешам е задоволен од победата над Австралија, но вели дека тие можат многу подобро.
„Не беше лесно, но многу е важно да се победи на стартот. Беше комплицирано денес, Австралија одигра одлично и ни создаде потешкотии. Тешко е да се објасни, ни недостасуваше промена на брзината во одредени периоди од натпреварот. Не бевме доволно опасни. Имавме некои лоши додавања. Во финишот имавме неколку шанси. Со исклучок на мечот меѓу Русија и Саудиска Арабија, беше тешко за сите селекции досега. Како и да е, ја завршивме работата, но можеме подобро, можеме многу подобро“, вели Дешам.