Кристиано Роналдо
засега (70. минута) постигна два гола против Шпанија но неговата селекција
Португалија губи со 2-3 и покрај тоа што на два пати има водство.
Интересен начин на
прослава на првиот гол имаше првата ѕвезда на Португалија откако биеше успешно
во ударот од белата точка испраќајќи го Де Хеа на спротивната страна.
Но, освен тоа што
голот го прослави на нему својствен начин, во дел од прославата имаше и една
интересна реакција, засега невидена од него.
Португалецот со рацете
ја допираше својата брада, алудирајќи на коза, а познато е дека Меси пред извесен период се фотографираше со коза, многумина на тоа алудираа дека станува
збор за тоа дека Аргентинецот се самопрогласил за најдобар на сите времиња со оглед на тоа дека на социјалните мрежи зборот „goat“ кој на англиски значи „коза“ се користи како израз да се опише некој како најдобар на сите времиња (Greatest Of All Time).
Ќе додадеме дека
„GOAT“ прославата или во превод „коза“, многумина
го користат како израз за најдобрите на сите времиња (Greatest Of All
Time).