Автогол во самиот финиш му донесе победа на Иран! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Иран дојде до минимална, но мошне значајна победа на првиот меч на Светското првенство во Русија против Мароко.

Двете селекции имаа рамноправен меч исполнет со неколку шанси на обете страни, можеби мала доминација во поглед на шансите имаа Мароканците, но, неискористеноста на истите донесе казна во самиот финиш од средбата.

Бухадуз беше трагичарот кај Мароко откако во 95. минута погоди со глава во сопствената мрежа за голема радост кај Иранците.

За тоа дека доста израмнет и
рамноправен натпревар одиграа Иран и Мароко говори и статистиката од
таа средба.

Белханда уште по
само четири минути игра имаше зрела шанса за гол на Мароко, но беше непрецизен
во својот обид, исто како и Бенатија во 19. минута.

Иран првата своја
шанса на мечот ја имаше преку Азмун на само две минути пред крајот на првиот
дел, но, иако излезе сам, очи во очи со противничкиот голман, на крајот неговиот
обид беше одбранет, а потоа Мунир повторно испадна херој за својот тим откако
спречи сигурен гол од страна на Јаханбаш исто во финишот од првото полувреме.

Во второто
полувреме најзрелата шанса за гол ја имаше Мароко преку Зијех кој испрати силен
удар кон голот на Иран, но следеше фантастична реакција на голманот Беиранванд.

Во истата група
вечерва со почеток од 20 часот силите ќе ги одмерат Шпанија и Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани