106
Русија тргна со
убедлива победа од 5-0 над Саудиска
Арабија на Светското првенство во фудбал на кое таа е организатор.
Избраниците на
Станислав Черчешов беа доминантни во победата против аутсајдерот, а камерите го
регистрираа и задоволството кај претседателот на Русија, Владимир Путин кој се
најде на трибините.
Според
информациите кои ги пренесуваат медиуми кои присуствуваа на
пресконференцијата по мечот на Лужњики во Москва, селекторот Черчешов сред прес
добил телефонски повик од Путин.
Путин му
рекол на Черчешов да им се заблагодари на фудбалерите за победата против
Саудиска Арабија, всушност тоа било причината за телефонскиот повик.
class="twitter-tweet" data-lang="en">