Ибра типува на Германија, а кога го прашаа за Шведска одговори во свој стил

by
1 минути читање

Германија ја брани титулата, но според обложувалниците и најголемиот дел од фудбалската јавност, Бразил е главниот фаворит, а потоа следуваат Франција, Германија и Шпанија.

„Германија е машина и знаете дека ќе бидат доби бидејќи секогаш се добри“, вели Ибрахимовиќ.

„Имаат добар тим, немаат добар играч, имаат 22 фантастични играчи и Германија нема ѕвезда во тимот, тимот е ѕвезда, затоа и се толку силни и мислам дека сите треба да се угледаат на Германија. Ова не е изненадување. Знаеме дека се добри и знаеме дека ќе бидат добри“.

Ибра беше запрашан и како очекува Шведска да одигра на Мундијалот, а тој во свој стил одговори и се стави и себеси во реченицата.

„Мислам дека Шведска има помалку притисок бидејќи јас не сум таму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани